Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) објави дека ЖРК Пелистер ќе биде домаќин на Ф4 турнирот во кадетската лига во женска конкуренција.
Во првото полуфинале ќе играат екипите на Пелистер и Вардар, додека во второто полуфинале ќе играат Стружанка и Металург.
Ф4 турнирот за кадетки ќе се одигра на 26 април во сабота во спортската сала “Јован Калаузи”, во Битола.
Кадетска лига (жени), Ф4 турнир, полуфинале:
ЖРК Пелистер – ЖРК Вардар
ЖРК Стружанка – ЖРК Металург

(фото – РФМ)📷