Познати се полуфиналните парови за Ф4 турнирот во кадетска машка конкуренција, а познат е и домаќинот на овој турнир.
Екипата на Мулти Есенс и салата “Автокоманда” ќе бидат домаќини на Ф4 турнирот за кадети.
Во првото полуфинале ќе играат екипите на Тинекс Пролет и Струга, додека во второто полуфинале ќе играат екипите на Еурофарм Пелистер и Мулти Есенс.
Првото полуфинале е закажано во 11:00 часот, а второто полуфинале е закажано во 13:00 часот, а натпреварите за третото место и финалето се од 17:00 и 19:00 часот. Ф4 турнирот ќе се одигра на 10 мај во салата “Автокоманда”, во Скопје.

(фото – Рк Мулти Есенс)📷