Познати полуфиналните двојки на пионерскиот машки Ф4 турнир

На денешната ждрепка за завршниот турнир во пионерска конкуренција, во просториите на РФМ, одредени се паровите од полуфиналето на македонската ракометна лига за ракометари родени 2008-ма и помали.

Во првото полуфинале се екипите на Голден Арт и Еурофарм Пелистер, додека во второто полуфинале се екипите на Куманово и Аеродром.

Домаќин на завршниот турнир ќе биде екипата на Рк Аеродром, а натпреварите ќе се одиграат во еден ден во С.Ц “Јане Сандански”.

Првото полуфинале ќе се одигра во 10:30 часот, а второто во 12:30 часот. Натпреварот за трето место ќе се одигра во 17:00 часот, а натпреварот за титулата ќе се одигра во 18:45 часот. Ф4 турнирот ќе се одигра на 7 мај.

(фото – Рк Голден Арт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.