Во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) беше извршена ждрепката за Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во женска конкуренција.
Во првото полуфинале ќе играат екипите на Есбјерг и Ѓер, додека во второто полуфинале ќе играат екипите на Битигхајм и Мец.
Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во женска конкуренција ќе се одигра на 1 и 2 јуни во Будимпешта (Унгарија).

(фото – ЕХФ)📷