Познати противниците на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер во СЕХА лигата

Извршниот комитет на СЕХА лигата донесе одлука за системот на играње за сезоната 2022/23. Клубовите ќе бидат поделени во две групи, А и Б со по три екипи.

Во група А се екипите на Еурофарм Пелистер, Нексе Нашице и Војводина, додека во групата Б се екипите на Вардар 1961, Татран Прешов и Партизан.

По спроведената анализа и заедно во корелација на прашањата од европскиот календар и рангирањето на перформансите, двата клуба, Веспрем (шампион за 2021/22) и ППД Загреб (финалист за 2021/22) директно ќе бидат вклучени во четвртфиналето и нема да играат во групната фаза.

Четирите победници од четвртфиналните двојки ќе играат на завршниот турнир, кој е планиран од 21 до 23 април 2023 година.

(фото – Сеха Лига)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести