По откажувањето на тимот на Вардар 1961, екипата на Олимпијакос од Грција, ги комплетира сите осум учесници на второто издание на меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски – Усташ“, што ќе се одржи од 23 до 26 август во Охрид.
Екипите ќе бидат поделени во две групи по четири тимови. Турнирот на 23 август во 11 часот го отвараат Бешикташ и Голден Арт, а вечерта ГРК Охрид се среќава со Олимпијакос.
Група А:
Рк Бешикташ
Рк Голден Арт
Рк Олимпијакос
Група Б:
Рк Еурофарм Пелистер
Рк Металопластика Шабац
Рк Татран Прешов
Рк Бутел Скопје
(фото – ГРК Охрид)📷