Познати се групите и распоредот на натпреварите за меморијалниот турнир “Миле Нешкоски”, кој ќе се одржи во Прилеп.
На овој турнир ќе играат шест екипи поделени во две групи. Во првата група ќе играат Прилеп, Бутел Скопје и Тиквеш, додека во втората група ќе играат екипите на Тинекс Пролет, Еурофарм Пелистер 2 и Црвена Звезда.
Меморијалниот меѓународен ракометен турнир “Миле Нешкоски”, ќе се одржи од 21 до 24 август во Прилеп.

(фото – Фејсбук/Меѓународен меморијален ракометен турнир “Миле Нешкоски”)📷