На годинешното издание на Меморијалниот меѓународен ракометен турнир „Крсте Андоновски“, што ќе се одржи од 19 до 23 август, официјално ќе учествуваат осум екипи.
Од Македонија на турнирот ќе настапат: домаќинот Охрид, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и двократниот освојувач на Лигата на шампионите, Вардар 1961, како и: Партизан (Србија), Динамо Панчево (Србија), Нексе (Хрватска), АЕК Атина (Грција), Киндил Торшавн (Фарски Острови).
Групите ќе бидат извлечени во петок, 9 мај, по што ќе биде познат и распоредот на натпревари на турнирот.


(фото – ГРК Охрид)📷