Во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) беа извлечени двојките за Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во женска конкуренција.
Во првото полуфинале ќе играат екипите на Ѓер и Есбјерг, додека во второто полуфинале ќе играат екипите на Мец и Оденсе.
Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во женска конкуренција ќе се одигра од 31 мај до 1 јуни.

(фото – ЕХФ)📷