Домаќинот Струга е последниот шести учесник на традиционалниот меѓународен ракометен турнир „Струга 2024′ што по 52. пат ќе се одржи од 14 до 17 август.
Комплетиран е списокот на екипи што ќе се појават на теренот на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ во Струга.
Покрај домаќинот Струга на годинешното издание на турнирот ќе играат уште и: Вардар, Еурофарм Пелистер, Тиквеш 2014, АЕК (Грција) и ГУИФ Ескилстуна (Шведска). Наскоро ќе бидат одредени и групите и ќе се одреди и распоредот на натпреварите.

(фото – Фејсбук/Меѓународен ракометен турнир Струга)📷