Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави составите на Сесвете и Вардар во Лигата на Европа.
Екипата на Вардар на овој натпревар ќе настапи со 15 ракометари, а во составот не се Марко Богдановски и Мигел Пинто, како и Вуко Борозан, Кеите, Лазаревски, Стаменковиќ и Еспиња.
Натпреварот меѓу екипите на Сесвете и Вардар ќе се одигра вечерва со почеток од 20:45 часот во салата “Јелковец” во Хрватска.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








