Репрезентацијата на Македонија во женска конкуренција ќе одигра два натпревари против Норвешка во рамките од ЕХФ Еуро Купот.
Познати се судиите за двата натпревари. За првиот натпревар во Скопје доделени се судиите од Унгарија, Кристоф Алтмар и Мартон Хорват, додека делегат на натпреварот ќе биде Исмаил Металари од Македонија.
За вториот натпреваро кој ќе се одигра во Норвешка судии ќе бидат Барбора Боцакова и Лусија Јаносикова од Словачка, додека делегат ќе биде Бјорн Хогснес од Норвешка.
(фото-РФМ)📷