Познати се судиите за Ф4 турнирот во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција

Од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) со ждрепка ги одредија судиите за Ф4 турнирите во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.

Финалето кај мажите ќе го судат Ненад Николовски и Исмаил Металари, додека кај жените финалето ќе го судат Виктор Андонов и Стојанче Јовановски.

Во полуфиналето помеѓу Еурофарм Пелистер и Тинекс Пролет, судии ќе бидат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека во второто полуфинале помеѓу Алкалоид и Вардар 1961, делегирани се судиите Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Полуфиналето помеѓу Металург и Куманово ќе го судат Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски, додека полуфиналето помеѓу Вардар и Ѓорче Петров ќе го судат Лејла Јашар и Михаела Капсарева.

(фото – Фејсбук/Исмаил Металари)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести