Во Скопје ќе се одигра регионалниот турнир организиран од Ракометната Федерација на Македонија, каде ќе учествуваат екипи од Македонија, Црна Гора и Србија.
Познати се судиите и делегатите за овој турнир а тоа се судиите: Димитар Митревски/Благојче Тодоровски, Силвана Карбеска/Марија Илиева, Исмаил Металари/Ненад Николовски, Виктор Начевски/Даниело Божиновски, Ѓорѓи Начевски/Славе Николов и судиите од Црна Гора, Милош Ражнатовиќ/Иван Павичевиќ.
Делегати на овој турнир се: Марјан Начевски, Бобан Мајнов, Ацо Николовски, Игор Огненов, Лери Мирчески и Љупчо Јаневски.
(фото – Архива)📷