Познати се термините за двата натпревари меѓу Охрид и Олимпијакос во Европскиот Куп

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги потврди термините за четвртфиналните натпревари меѓу екипите на Охрид и Олимпијакос во Европскиот Куп.

Првиот натпревар ќе се игра на 29 март во Атина (Грција), додека реваншот ќе се одигра на 4 април во Охрид (Македонија), во салата “Билјанини Извори”.

Победникот од двомечот меѓу екипите на Охрид и Олимпијакос, ќе се соочи со победникот од натпреварите меѓу Целје и Бузау во полуфиналето.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *