Познати се учесниците на турнирот во Струга

Организаторите на Струшкиот турнир кое оваа година ќе го има 53. издание ги потврдија учесниците на овој турнир.

Оваа година на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ ќе играат шест екипи, четири македонски и две странски.

Покрај домаќинот Струга, честа на Македонија ќе ја бранат Тиквеш, Бутел Скопје и Охрид.

Дополнително екипите на Бурса од Турција и Раднички Крагујевац од Србија ќе го збогатат новото издание на Струшкиот турнир.

Турнирот ќе се одржи од 13 до 16 август на отвореното игралиште “Горан Попоски – Бабец”, во Струга.

(фото – Фејсбук/Меѓународен ракометен турнир Струга)📷



Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *