Европската ракометна федерација ги објави составите за натпреварот меѓу Македонија и Романија од баражот за Светското првенство.
Селекторот на Македонија, Кире Лазаров реши во составот да не бидат десниот бек Мартин Серафимов, десното крило Ненад Костески, пикерот Марко Стојковиќ, голманот Марко Кизиќ и средниот бек Игор Ѓорѓиев. А во репрезентацијата деби ќе има левиот бек Павле Атанасијевиќ.

(фото-РФМ)📷