Репрезентацијата на Македонија денеска го игра реваншот против Чешка во баражот за пласман на Светското првенство во 2023 година. Првиот натпревар заврши нерешено со 24-24.
Во составот има една промена од оној во Злин. На местото од Марко Митев во составот ќе се најди Михајло Младеновиќ.
Во составот на Чешка се најде Леос Петровски, а од комбинација отпадна Даниел Режнички.
Натпреварот помеѓу Македонија и Чешка се игра во 19:00 часот во СЦ “Борис Трајковски” и за овој натпревар сите билети се продадени.

(фото-РФМ)📷