Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги закажа термините за полуфиналните двобои во Купот на Македонија во женска и машка конкуренција.
Во женска конкуренција на 12 мај од 17:30 часот ќе играат Металург и Куманово, додека од 20:00 часот ќе играат Вардар и Ѓорче Петров.
На 11 мај од 17:30 часот ќе играат Еурофарм Пелистер и Тинекс Пролет, додека од 20:00 часот ќе играат Алкалоид и Вардар 1961.
Финалето во женска и машка конкуренција ќе се игра на 13 мај, кај ракометарките од 15:00 часот, додека кај ракометарите од 18:00 часот.
(фото – РФМ)📷