Европската Ракометна Федерација денеска ги објави термините за почеток на натпреварите од престојното Европско првенство 2022 година кое ќе се одржи во Македонија, Словенија и Црна Гора.
Сениорската женска репрезентација на Македонија е дел од групата Ц заедно со репрезентациите на Франција, Холандија и Романија.
Распоред на натпревари:
05.11.2022 (18:00 часот) Франција – Македонија
07.11.2022 (18:00 часот) Македонија – Холандија
09.11.2022 (18:00 часот) Македонија – Романија

(фото-РФМ)📷