Познати учесниците на третиот турнир организиран од Ѓорче Петров

ЖРК Ѓорче Петров е организатор на третиот меѓународен турнир во женска конкуренција „Ѓорче Петров Куп 2023“, кој ќе се одржи од 24-ти до 27-ми август на отвореното игралиште покрај „Камин Кама”, како и во спортската сала “Христо Батанџиев” во утринските часови.

Учесници на турнирот ќе бидат 8 екипи: шест меѓународни и две домашни, поделени во две групи. Домашни екипи учеснички ќе бидат Ѓорче Петров и Вардар, додека меѓународни екипи Бекамент Аранѓеловац, Црвена Ѕвезда, Бор и Железничар Инџија од Србија, како и ПАОК и Панорама од Грција.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.