Тимот на Ѓорче Петров е организатор на четвртиот меѓународен турнир во женска конкуренција „Ѓорче Петров Куп 2024“, кој ќе се одржи четири дена започнувајќи од 29. август до 1. септември во спортската сала ,,Христо Батанџиев”.
Учесници на турнирот ќе бидат шест екипи: три меѓународни и три домашни, поделени во две групи. Домашни екипи учеснички ќе бидат Ѓорче Петров, Чаир и Вардар, додека меѓународни односно српски екипи Бор, Железничар Инџија и Напредак Крушевац.
Во продолжение следуваат групите и распоредот на натпревари:
Група А: Ѓорче Петров, Вардар и Железничар Инџија.
Група Б: Чаир, Бор и Напредак Крушевац.
Прв ден: 29.08.2024 година (четврток) Ѓорче Петров – Вардар во 19:00 часот (спортска сала ,,Христо Батанџиев”)
Втор ден: 30.08.2024 година (петок) Свечено отворање во 18:00 часот (спортска сала ,,Христо Батанџиев”) Ѓорче Петров – Железничар Инџија во 19:00 часот (спортска сала ,,Христо Батанџиев”) Бор – Напредак Крушевац во 21:00 часот (спортска сала ,,Христо Батанџиев”)
Трет ден:
31.08.2024 година (сабота) Чаир – Бор во 11:00 часот (спортска сала ,,Христо Батанџиев”) Вардар – Железничар Инџија во 19:00 часот (спортска сала ,,Христо Батанџиев”) Чаир – Напредак Крушевац во 21:00 часот (спортска сала ,,Христо Батанџиев”)
Четврти ден:
01.09 2024 година (недела) Натпревар за петто место во 11:00 часот (спортска сала ,,Христо Батанџиев”) Натпревар за трето место во 19:00 часот (спортска сала ,,Христо Батанџиев”) Финале во 21:00 часот (спортска сала ,,Христо Батанџиев”)
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷