По успешното прво издание кое се одржа минатата година и оваа година ќе се одржи меморијалниот турнир “Марко Божиновски”, кој е организиран од Фондацијата Марко Божиновски.
Турнирот ќе се одржи од 15 до 17 јуни во спортскиот центар „Марко Божиновски”. На турнирот ќе има шест екипи, домашни и странски екипи во кадетска машка конкуренција.
Тоа се екипите на Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Тиквеш, Алкалоид, Голден Арт и Коњух Живинице.

(фото – Фондација Марко Божиновски)📷