По одигрувањето на финалето на Ф4 турнирот во кадетска машка лига, беше избран идеалниот тим на турнирот и беа доделени признанија за најдобрите.
Најдобар стрелец беше ракометарот на Струга, Филип Мечкаркоски, додека МВП односно најдобар играч беше ракометарот на Мулти Есенс, Христијан Гурмешевиќ, а најдобар голман беше Григор Трајковски исто така од Мулти Есенс.
Познат е Ол Стар тимот на Ф4 турнирот во кадетска машка лига:
Стефан Јорданов (Мулти Есенс) – голман
Стефан Трајчевски (Рк Еурофарм Пелистер) – лево крило
Антонио Наковски (Рк Голден Арт) – лев бек
Давид Јаневски (Рк Мулти Есенс) – среден бек
Бобан Мечкароски (Рк Струга) – десен бек
Јован Петрески (Рк Струга) – десно крило
Јаков Трајковски (Рк Мулти Есенс) – пикер

(фото – Рк Струга)📷