Познат е идеалниот тим на Ф4 турнирот во младинска женска конкуренција

Екипата на Вардар е нов шампион во младинската женска лига, откако во финалето ја совлада екипата на Ѓорче Петров со 32-29.

Познат е идеалниот тим на Ф4 турнирот во младинската женска лига, а доделени се индивидуални признанија за најдобрите на турнирот.

Ракометарката на Вардар, Сара Стефаноска доби две признанија за најдобар стрелец и играч на турнирот, додека Ема Кирова од Шампион доби признание за најдобар голман.

Ол Стар тим на Ф4 турнирот во младинска женска лига:

Ема Кировска (Шампион) – голман
Јана Равојска (Вардар) – лево крило
Сара Стефаноска (Вардар) – лев бек
Бојана Коцева (Вардар) – среден бек
Теодора Дукоска (Ѓорче Петров) – десен бек
Бојана Радевска (Вардар) – десно крило
Анастасија Трпевска (Ѓорче Петров) – пикер

(фото – ЖРК Вардар)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести