Познат е Ол Стар тимот на Европското првенство 2026 година во машка конкуренција објавен од страна на ЕХФ.
Во Ол Стар тимот се најдоа ракометарите: Јоханес Гола од Германија, Франциско Кошта од Португалија, Марио Шоштариќ од Хрватска, Симон Питлик од Данска, Матијас Гидсел од Данска, Гисли Кристјансон од Исланд, Аугуст Педерсен од Норвешка, Андреас Волф од Германија и Салвадор Салвадор од Португалија.
За најдобар млад играч прогласен беше Франциско Кошта од Португалија, додека за МВП беше прогласен Матијас Гидсел од Данска, додека за најдобар дефанзивец беше прогласен Салвадор Салвадор.

(фото – ЕХФ)📷








