Екипата на Вардар 1961 ги дозна противниците во Лигата на Европа во машка конкуренција, откако беше извршена ждрепката.
Противници на Вардар 1961 се екипите на Порто, победниците од натпреварите меѓу Мелсунген и Елверум и Валур и Спачва Винковци, а исто така и познат е распоредот на натпревари.
Натпреварите во групната фаза во Лигата на Европа во машка конкуренција ќе стартуваат на 8 октомври.
Распоред на натпревари, Лига на Европа (мажи), групна фаза, Рк Вардар 1961:
1 коло – Вардар 1961 – Валур/Спачва Винковци (08.10.2024)
2 коло – Мелсунген/Елверум – Вардар 1961 (16.10.2024)
3 коло – Вардар 1961 – Порто (22.10.2024)
4 коло – Порто – Вардар 1961 (30.10.2024)
5 коло – Валур/Спачва Винковци – Вардар 1961 (18.11.2024)
6 коло – Вардар 1961 – Мелсунген/Елверум (26.11.2024)
(фото – Рк Вардар 1961)📷