Екипата на Алкалоид го освои првенството во кадетската лига во машка конкуренција, откако во финалето славеше против Еурофарм Пелистер 2 со 31-22.
Во натпреварот за третото место, односно за бронзата екипата на Струга го доби натпреварот со Бисинов Фруит Ленд со 25-23.
По завршувањето на натпреварите беа доделени награди и индивидуални признанија, а исто така беше познат и идеалниот тим на Ф4 турнирот.
За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Панче Ристовски од Бисинов Фруит Ленд, најдобар голман беше Иван Младенов од Еурофарм Пелистер 2, а МВП на турнирот беше голманот Ѓорѓи Николовски од Алкалоид.
Во Ол Стар тимот на Ф4 турнирот се најдоа: голманот – Ѓорѓи Николовски, левото крило – Карло Буторац, левиот бек – Панче Ристевски, средниот бек – Христијан Ѓурмешевиќ, десниот бек – Филип Мечкароски, десното крило – Марко Димовски и пикерот – Александар Славков.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷