Заврши Ф4 турнирот во пионерската лига во женска конкуренција. За шампион прогласена е екипата на Пелистер, откако во финалето ја совлада Јехона со 18-17.
Познат е идеалниот тим и доделени се награди за најдобрите на Ф4 турнирот во пионерската лига.
МВП на турнирот е ракометарката на Јехона, Мила Николоска, а најдобар стрелец беше Анастасија Тодоровска од Пелистер, додека најдобар голман е ракометарката на Сара Илијоска од Јехона.
Ол Стар тим на Ф4 турнирот за пионерки:
Сара Илијоска (голман) – ЖРК Јехона
Невена Бундоска (лево крило) – ЖРК Деспина
Јана Лазаревска (среден бек) – ЖРК Пелистер
Габриела Божиноска (десен бек) – ЖРК Јехона
Антонела Ѓероска (лев бек) – ЖРК Ѓорче Петров
Ева Христовска (десно крило) – ЖРК Пелистер
Мила Лашкоска (пикер) – ЖРК Деспина
(фото – ЖРК Деспина)📷