Познат идеалниот тим на турнирот во Охрид

Екипата на Охрид го освои турнирот “Крсте Андоновски”, откако во финалето го совлада Еурофарм Пелистер со конечни 31-26.

За МВП на турнирот беше избран Анте Иванковиќ од Охрид, а и беше и во идеалниот тим како лев бек.

Во идеалниот тим се најдоа и голманот на Охрид, Бојан Блажески, левото крило Марко Мајсторовиќ од Тримо Требње, средниот бек на Еурофарм Пелистер, Павле Атанасијевиќ, десниот бек Анџеј Видомски од Еурофарм Пелистер, пикерот Илија Богдановиќ од Динамо Панчево.

Најдобар стрелец на турнирот во Охрид беше Лазар Анѓелковиќ од екипата на Партизан од Србија.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *