На 26, 27 и 28 август ќе се одржи седмиот меморијален турнир “Миле Нешкоски” во Прилеп. На турнирот ќе учествуваат шест екипи.
Учесници се домаќинот Прилеп, Струга, Скопје, Мулти Есенс, Дубочица и екипата на ПАОК. На прес конференција беше објавен распоредот и термините од страна на Рубинчо Седлоски кој е еден од членовите на организацискиот одбор на турнирот.
“Без приватниот сектор оваа година немаше да се организира Меморијалниот турнир, бидејќи трошоците се поголеми, гостуваат екипи од странство. Околу организацијата имавме проблем. Долго време зборувам дека спортската инфраструктура во Прилеп е најлоша во Македонија. За жал ја баравме универзалната спортска сала, но од Јавното претпријатие за стопанисување немаме одговор. Доколку ја добиевме таа сала, организацијата ќе беше на уште повисоко ниво“, – изјави Рубинчо Седлоски.
Натпреварите ќе се играат во салата СОУ “Ристе Ристески Ричко”, а влезот за сите љубители на ракометот ќе биде слободен.

(фото-Рк Прилеп)📷