Од Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги потврдија термините и саатниците на Македонија за групната фаза за Европското првенство во 2024 година.
Македонија на 10 јануари ќе стартува со Франција од 18:00 часот во салата „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.
На 14 јануари Македонија ќе игра со Германија од 20:30 часот, додека последниот натпревар македонската репрезентација го игра со Швајцарија на 16 јануари од 18:00 часот.
(фото – РФМ)📷