Управниот одбор на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) донесе неколку одлуки за ракометот во Македонија.
Во сезоната 2025/2026 бројот на странски ракометари на натпревар во завршниот дел од сезоната (Плеј Оф-Плеј Аут) во домашното првенство може да биде 9 (девет) ракометари.
- Од вкупната бројка на странски ракометари право на настап имаат 6 (шест) ракометари кои што имаат настап за својата национална репрезентација во било која селекција (сениорска, младинска, кадетска).
- Од вкупната бројка на странски ракометари 3 (три) ракометари да можат да настапат без ограничување од претходната точка по слободен избор на клубовите.
(фото – РФМ)📷