Министерството за спорт заедно со Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) и неколку други федерации го претставија новиот проект за промоција на македонскиот спорт.
Како Ракометна федерација на Македонија, заедно со Кошаркарската и Одбојкарската федерација, се потпиша договор за соработка со Македонската радио телевизија – МРТ, со една јасна цел – да се врати спортот таму каде што му е местото: пред очите на јавноста, на екраните во секој дом.
“Ова е само првиот чекор од нашата посветеност кон популаризација, професионализација и поддршка на домашниот спорт. Време е младите таленти да добијат заслужено внимание, а македонските спортски лиги – вистинска поддршка”, – објавија од РФМ.

(фото – РФМ)📷