Извршниот директор на двојниот европски шампион Вардар 1961, Борко Ристовски и ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски потпишаа Меморандум за соработка, со што се зголеми семејството на пријатели и поддржувачи на „црвено-црните“.
За таа цел, „Универзитет Скопје“ ќе додели 15 целосни стипендии за упис на додипломски студии во академската 2023/2024 година.
Тимот на Вардар 1961 и Универзитетот Скопје делат исти вредности, а тоа е развој на спортот во нашата држава.
“Продолжуваме да го поддржуваме спортот во Македонија. Продолжуваме без запирање да вложуваме во здрава младина за доброто на татковината,” – изјави проф. д-р Аце Миленковски.
(фото – Рк Вардар 1961)📷