Почина Илчо Јанев, тренер на школата КЛ7 во Свети Николе

На социјалните мрежи на ГРК Овче Поле 1958, објавија дека почина тренерот Илчо Јанев, дел од школата на КЛ7 во Свети Николе.

“Со голема жал и неверување ја добивме веста за смртта на нашиот тренер Илчо Јанев. Прекрасен човек, тренер кој секогаш се трудеше да изгради врвни играчи пред се добри луѓе. Изразуваме длабоко сочувство до фамилијата и најблиските. Почивај во мир Тренеру”, – стои во објавата на ГРК Овче Поле 1958.

(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести