Почина Крсте Чакар поранешен ракометар на Струга и основач на струшкиот турнир

На 86 годишна возраст почина Крсте Чакар, поранешен ракометар на Струга и основач на струшкиот турнир.

Роден во Белград на 17 февруари 1937 година, тој има три сина. Цел живот го посвети на ракометот во Струга, а беше дел и од екипата на Стружанка.

Тој имал завршено Филозофски факултет отсек книжевност, и работел како професор по македонски јазик и литература во ЦСО „Нико Нестор„ во Струга.

Чакар е и автор на книгата посветена на фудбалскиот клуб Караорман од Струга, тим формиран во 1923 година и како подарок кон фудбалскиот клуб и неговиот татко Борис долгогодишен успешен тренер им ја подари книгата за 75 годишнината од постоењето на ФК Караорман од Струга.

(фото – Гол.мк)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести