Денеска во Скопје почина Лефтер Бошковски кој имаше 81 година и еден од основоположниците на модерниот македонски ракомет.
Тој ракометните чекори и образование ги направи во Романија, потоа беше селектор на женскиот сениорски национален тим, па беше тренер на Вардар, Работнички, Кометал Ѓорче Петров.
Лефтер Бошковски беше основоположник на ЖРК Олимпик каде приоритет му беше развојот на млади ракометарки, а работеше и во младинските категории на Академија Алушовски, КЛ7, Голден Арт.
Тој го запиша првиот трофеј на премиерното издание на струшкиот турнир, како тренер на Вардар.
(фото-Архива)📷