Почина македонскиот тренер Андон Бошковски

Утрово, ненадејно почина македонскиот, а можеби и најдобриот тренер во Македонија, Андон Бошковски.

Андон Бошковски почина на 47 годишна возраст, роден е на 5 октомври 1974 година. Тој тренерската кариера ја започна во екипата на Работнички, потоа се пресели во Металург како асистент тренер, па го водеше тимот на Младост Богданци. Беше дел и од Вардар, Струга, Радовиш, Голден Арт и Еурофарм Работник.

Бошковски едно време беше и селектор на Грузија, исто така беше и тренер на романскиот тим Роман.

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести