Младиот хрватски интернационалец и ракометар на Бутел Скопје, Денис Тот кој има 27 години почина на клиниките на „Мајка тереза“ во Скопје.
- Министерството за внатрешни работи, ја информира јавноста дека на ден (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста“, се вели во соопштението на МВР
Денис Тот освен за Бутел Скопје, играше и за Охрид, потекнува од Ѓаково, настапуваше за Адемар Леон и за хрватскиот Пореч.
(фото-Рк Бутел Скопје)📷