На 73 години почина Стојан Николов поранешен македонски ракометен судија и делегат.
Николов судеше и на ракометните натпревари на поранешна СФРЈ. По завршувањето на судиската кариера беше делегат до 2018 година, потоа тој им го отстапи местото на помладите.
Во 2018 година официјално замина во пензија. Тој исто така е добитник на неколку награди и признанија од РФМ и од Сојузот на спортови.

(фото – Архива)📷