Почина уште еден спортски работник – Владимир Михајловски – Папс

Ракометното семејство на Вардар загуби спортски работник, откако вчера почина Владимир Михајловски – Папс (1949) кој целиот свој живот го посвети на Вардар и ракометниот клуб.

Тој беше дел од РК Вардар во времето кога „црвено-црните“ почнуваа да владеат во македонскиот ракомет и сведок на успесите на „црвено-црните“, почнувајќи од легендарната сала Расадник па до СРЦ Кале, на првите европски настапи и искачувања.

Се радуваше заедно со клубот на првите трофеи, во Купот и првенството на Македонија. Потоа следуваше период на доминација на вардарци, а Михајловски постојано беше со тимот.

Беше еден од основачите на МРК Вардар, вториот тим на Вардар каде продефилираа многу млади играчи кои потоа продолжија во сениорскиот состав, а најголемиот дел од нив станаа и репрезентативци на Македонија.

Во еден период беше и дел од репрезентацијата, во младинска и сениорска конкуренција постојано следејќи ги ракометарите.

(фото-Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести