Почина Филип Христов – спортски работник

Почина Филип Христов (1956 – 2023), спортски работник и човек кој голем дел од својот работен и животен век посвети на ракометот.

Христов беше првенствено препознатлив како дел од раководната структура на Рк Металург три децении наназад и директен учесник во формирањето на машката и женската екипа.

Филип Христов својот спортски стаж го заокружи со ангажман во РФМ, како дел од комисијата за натпреварување.

(фото – 24Ракомет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.