По пауза од една година Виница ќе има повторно ракометен клуб, а тоа е Торо Спорт, каде тренер ќе биде поранешен ракометар на истоимениот тим, Иван Попов.
Тренерот Иван Попов е поранешен ракометар на Торо Спорт, а сега е професор по спорт. Тој во својата кариера освен за Торо Спорт настапуваше и за екипите на Металург РА и Аеродром.
Тренинзите ќе се одржуваат во ОУ “Славчо Стојменски” во Виница, а уписите се за деца од 7 до 14 години.
(фото – Рк Торо Спорт)📷