По пауза од 15 години ќе се гледа женски ракомет во Богданци

Ракометниот Клуб Младост 1977 АД Богданци покрај машкиот ракомет од оваа сезона по пауза од 15 години го активира и женскиот ракомет.

По пауза од 15 години на една од најдобрите женски ракометни екипи ,,РК Млаз” која минатото 1997-2008, континуирано настапуваше во европските купови и беше меѓу трите ракометни женски тимови во Македонија од оваа сезона ракометниот клуб по иницијатива на тренерот на девојките, неколку поранешни играчки како и родители на девојчињата кои во голем број настапуваат во ракометната школа на РК Младост 1977 дојдени од повеке населени места (Богданци, Дојран, Стојаково, Селемлија, Гавото …), тимот реши да пријави тим во младинските категории, и после долги години да го возобнови женскиот ракомет во Општина Богданци со вклучување на (пионерска екипа родени 2008 и помали), во системот на натпревари на РФМ од сезона 2023/24.

“После долги години пауза секој почеток е тежок, резултатите нема да бидат наша цел, но со голема работа вложување на тренерите и нашите поддржувачи сметаме дека за неколку години овие девојки кои сезонава започнуваат од најмалата категорија ќе ја достигнат својата цел и успешно ке стигнат до соодветен квалитет за да настапат и во сениорска категорија”, – изјавија од Рк Младост 1977 Богданци.

Покрај женските нашиот тим сезонава екипата продолжува со настапите во машките лиги и тоа во Првата машка лига, младинска лига и кадетската лига.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.