По поднесената жалба Бутел Скопје доби три бода на дуелот против Тинекс Пролет

Ракометниот клуб Бутел Скопје испрати жалба до Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за арбитражата на натпреварот од 13. коло во суперлигашкиот плеј-оф против Тинекс Пролет одигран на 21 мај во спортската сала „Македонско Сонце“, кој заврши нерешено со 23-23.

Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја прифати жалбата на Бутел Скопје, и на тимот му додели победа на дуелот против Тинекс Пролет.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.