Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) по подолга пауза го враќа турнирот “Трофеј Македонија”.
Во периодот од 18 до 20 септември 2025 година, спортскиот центар „Билјанини Извори“, во Охрид ќе биде домаќин на ова значајно спортско случување, во организација на Ракометната Федерација на Македонија.
Учесници на овој турнир се женските сениорски репрезентации на Македонија, Грција, Тунис и Египет.

(фото – РФМ)📷