ППД Загреб го совлада Нексе и се пласира во финалето на Ф4 турнирот во СЕХА

Екипата на ППД Загреб го совлада тимот на Нексе Нашице со 32-26 и се пласира во финалето на Ф4 турнирот во СЕХА лигата.

ППД Загреб од почетокот на натпреварот го презеде водството и на пауза замина со предност од 16-11. Во второто полувреме тимот на ППД Загреб ја завери победата против Нексе Нашице.

Најефикасен во составот на ППД Загреб беше Иван Чупиќ со седум гола, додека кај екипата на Нексе Нашице најефикасен беше Мославец со четири погодоци.

(фото-Рк ППД Загреб)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.