Ракометарите на ППД Загреб славеа против Нексе со 24-26 на гостувањето во вториот плеј-оф дуел за шампион на Хрватска.
ППД Загреб на полувреме имаше предност од 9-11. Во вториот дел Нексе се обидуваше да се врати но не доволно за победа против ППД Загреб и мораше да се задоволи со пораз.
Најефикасен во екипата на ППД Загреб беше Иван Чупиќ со десет погодоци, додека кај екипата на Нексе најефикасен беше Мелиќ со шест погодоци.
Екипата на ППД Загреб ја освои 30. титула во домашното првенство.


(фото-Рк ППД Загреб)📷