Екипата на ППД Загреб славеше против Војводина со минимални 23-24 и се пласира на Ф4 турнирот во СЕХА лигата во Задар.
ППД Загреб добро го започна натпреварот и на полувреме имаше предност од 16-12. Во второто полувреме тимот на Војводина успеваше да се врати, но екипата на ППД Загреб забележа победа.
Најефикасен во составот на ППД Загреб беше Иван Чупиќ со шест погодоци, додека кај екипата на Војводина најефикасен беше Пешиќ со четири погодоци.
(фото-Сеха Лига)📷